Сагата околу иднината на Маруан Фелаини конечно заврши. Белгиецот денес потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед и ќе остане на „Олд Трафорд“ до 2020 година.
Договорот на Фелаини со Манчестер Јунајтед истекуваше на крајот на месецот, а тој во неколку наврати одби да стави потпис на продолжување на соработклата со „црвените ѓаволи“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неколку клубви ширум Европа покажаа интерес за Белгиецот, но тој на крај сепак се одлучи да остане на „Олд Трафорд“.
Денес Манчестер Јунајтед потврди дека Фелаини ставил потпис на нов договор до 2020 година со можност за продолжување на уште една година, а финансиските детали се уште не се откруваат.
BREAKING: @Fellaini signs new contract at @ManUtd until June 2020 with the option of a further year. #SSN pic.twitter.com/o2mwOPqA3d
— Sky Sports News (@SkySportsNews) June 29, 2018