Дома Фудбал Германија Официјално: Тухел потпиша со Баерн до 2025 година!

Официјално: Тухел потпиша со Баерн до 2025 година!

Томас Тухел и официјално е нов тренер на Баерн Минхен.

Вчера изненадувачки беше најавено дека Баерн ќе го отпушти Нагелсман и ќе го доведе Тухел, сега ова е и официјално потврдено. Тухел потпиша договор до 30. јуни 2025 година.

Засега причините за заминување на Нагелсман не се потврдени.

Тухел на клупата на Баерн доаѓа наместо младиот колега Јулијан Нагелсман, кој беше (не)очекувано сменет во четвртокот. Поточно, германските медиуми вчера ја објавија веста која денеска беше официјализирана.

Се појавија шпекулации дека Нагелсман ја загубил контролата над соблекувалната и фудбалерите не биле среќни како го води тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Еден гол во осум натпревари, сега се огласи Анчелоти: Реал има проблем што повеќе не може да се скрие

Винисиус Жуниор игра очајно на почетокот на новата сезона. Еден гол во осум натпревари за …