Тоа што го најавија англиските медиуми денес доби и официјална потврда, Оле Гунар Солскјер е нов менаџер на Манчестер Јунајтед.
Поранешната легенда на „црвените ѓаволи“ доаѓа на местото на Жозе Мурињо и ќе ја извршува функцијата прв тренер на Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Можеме да потврдиме дека Оле Гунар Солскјер е назначен за тренер до крајот на сезоната 2018/19“, потврди англискиот клуб, а воедно додаде дека Норвежанецот во стручниот штаб ќе ги има Мајк Фелан, Мајкл Карик и Кјеран МекKен.
„Јунајтед е во моето срце и мило ми е што се враќам во клубот. Сакам да работам со овој талентиран тим, како и со вработените во клубот“, изјави Солскjер
We can confirm that Ole Gunnar Solskjaer has been appointed as caretaker manager until the end of the 2018/19 season.
He will be joined by Mike Phelan as first-team coach, together with Michael Carrick and Kieran McKenna. #MUFC
— Manchester United (@ManUtd) December 19, 2018