Иако се очекуваше на почетокот на новата сезона да го видиме во Келце, екс вардарецот Сташ Скубе ќе го носи дресот на француски Монпелје со кој потпиша тригодишен договор.
Скубе претходно имаше договорено соработка со полскиот шампион каде што требаше да премине од Мешков Брест ова лето. Потоа се шпекулираше дека Бертус Сервас може да го испрати на позајмица во францускиот тим, меѓутоа договорено е Словенецот да стане играч на Монпелје.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според информациите Монеплеј на Келце ќе му плати сума од 200.000 евра. Претседателот на Келце, Бертус Сервас изрази задоволство од оваа зделка.
„Задоволен сум од исходот на преговорите, благодарен сум и на Французите за професионалниот пристап. Верувам дека пронајдовме решение кое е во интерес на сите страни“, изјави Сервас.