На екипата на Севиља сезонава не и оди во шпанската Ла Лига и тимот се наоѓа во долниот дел на табелата.
Сега од редовите на овој клуб потврдија дека се засилиле со фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ханибал Межбри. Фудбалерот од Тунис ќе игра во Севиља како позајмен играч до крајот на сезоната, а шпанскиот тим ќе има опција да го откупи неговиот договр за 3.5 милиони евра со бонуси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во договорот има и клазула дека Манчестер Јунајтед има право да го врати до 2026 година за оштета од 35 милиони евра.
Станува збор за фудбалер кој е производ од школата на Манчестер Јунајтед и за Севиља одигра 13 натпревари со еден постигнат гол. Изминатата сезона ја помина во Бирмингем на позајмица, а има и 27 настапи за репрезентацијата на Тунис.