Дома Фудбал Италија Официјално: Рома и Спалети се разделија!

Официјално: Рома и Спалети се разделија!

Италијанскиот фудбалски прволигаш Рома денес и официјално потврди дека Лучијано Спалети повеќе нема да седи на тренерското место на овој клуб.

И покрај тоа што Спалети успеа да го освои 2.место во Серија А и да обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите, раководството на Рома му врачи отказ, бидејќи клубот остана без ниту еден трофеј и покрај големите амбиции пред почетокот на сезоната.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Му изразуваме голема благодарност на Спалети за вложениот труд и постигнатите резултати. Под негово водство Рома постигна најмногу голови во својата историја и освои најмногу бодови. Му посакуваме успех во понатамошната работа“, стои во соопштението од Рома.

Спалети покрај сезоната 2016/17, во римскиот клуб работеше и во периодот од 2005 до 2009 година.

Се очекува раководството наскоро да го објави името на новиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп разочаран им се извини и на навивачите

Ливерпул вчера неочекувано беше поразен во градското дерби против Евертон со 2:0 и така др…