Дома Трансфер зона Официјално: Реал Мадрид врати уште еден играч

Официјално: Реал Мадрид врати уште еден играч

Реал Мадрид денес го потврди трансферот Брахим Диаз кој се враќа во таборот на „кралевите“.

Диаз се враќа во Мадрид по тригодишната позајмица во Милан. Диаз беше еден од клучните играчи на Милан и „кралевите“ сметаат дека сега е вистинско време квалитетот да го покаже во нивниот дрес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Реал Мадрид Диаз пристигна во 2019 година за 17 милиони евра од Манчестер Сити, но не успеа да се наметне, па беше испратен во Милано.

За Милан собра 184 настапи во кои подели 15 асистенции и постигна 18 гола. Во текот на вчерашниот ден Реал Мадрид го потврди и Фран Гарсија кој исто така е повратник во тимот. (ТУКА)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Роналдо донел одлука: Го продава и вториот клуб кој го поседува

Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима Роналдо јасно ставил до знаење дека ф…