Низа играчи кои обележаа една ера во Баерн на крајот на оваа сезона го напуштија клубот од Минхен.
Од следната сезона членови на Баерн нема да бидат Арјен Робен, Франк Рибери и Рафиња. Токму искусниот дефанзивец прв пронајде нов клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Рафиња одлучи да се врати во родниот Бразил каде што ќе го носи дресот на Фламенго. Славниот бразилски клуб на Твитер го објави доаѓањето на 33 годишниот фудбалер.
Овој фудбалер својата земја ја напушти во 2005 година, а во Европа го носеше дресот уште на Шалке и Џенова.
За Баерн Рафиња одигра 266 натпревари и оствари учинок од шест голови и 29 асистенции. Со Баерн седум пати беше шампион на Германија, освои четири германски Купа, Лига на шампионите и Суперкуп на Европа.
Rafinha é o novo reforço do Mengão! Seja bem-vindo! ?⚫️ #CRF pic.twitter.com/8IhJPrALhn
— Flamengo (@Flamengo) June 10, 2019