Дома Трансфер зона Официјално: ПСЖ го претстави новото засилување!

Официјално: ПСЖ го претстави новото засилување!

ПСЖ продолжува да се засилува во пресрет на новата сезона. Последната аквизиција доаѓа од Шпанија.

Станува збор за јужнокорејскиот фудбалер Канг-ин Ли.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Овој фудбалер пристигна од шпанска Мајорка за 22 милиони евра и потпиша договор на пет години, до летото 2028 година.

Станува збор за офанзивен играч за врска, но може да игра на лево или десно крило доколку е потребно.

Минатата сезона настапи на 36 натпревари во шпанската Примера, а постигна шест гола со седум асистенции.

Покрај Мајорка, во кариерата настапуваше и за Валенсија, каде како тинејџер пристигна во 2011 година од јужнокорејскиот Инчеон.

Досега, за репрезентацијата на Јужна Кореја одигра 14 натпревари и се уште нема постигнато гол.

Ова не е прво засилување на ПСЖ ова лето. Шкриниар и Асенсио пристигнаа во клубот бесплатно, а 60 милиони евра отидоа во Португалија за уште едно засилување.

Исто така, Хуго Екитике, кој беше на позајмица од Ремс, на овој клуб му беше платен нешто помалку од 30 милиони евра, а со ПСЖ потпиша договор до 2027 година.

Беше претставен и новиот тренер. Тоа е Луис Енрике и ќе видиме како ќе го подготви тимот пред предизвиците кои го очекуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Изненадувачка одлука: Баерн Минхен се договори со Компани

Баерн Минхен веќе подолго време е во потрага по нов тренер, откако стана јасно дека Томас …