ПСЖ е активен во последните моменти од преодниот рок.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Откако вчера вечер го потврдија трансферот на напаѓачот Моис Кин кој пристигна на позајмица, денес од Париз потврдија дека нивни нов играч е Данило Переира.
За едногодишна позајмица на Переира ПСЖ на Порто ќе му плати четири милиони евра со тоа што Французите имаат обврска да го откупат на крајот од сезоната за 16 милиони евра.
Данило Переира игра на позицијата последен играч за врска и во последно време беше еден од најважните играчи на Порто за кој настапуваше пет години.
Португалецот за својот национален тим одигра 39 натпревари и постигна два гола, стана шампион на Европа во 2016 и ја освои Лигата на Нации во 2019 година.
?✍️ #WelcometoParis pic.twitter.com/ixXZ5kZUXl
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) October 5, 2020