Дома Фудбал Официјално: Премиер лигата ќе има 5 измени

Официјално: Премиер лигата ќе има 5 измени

Клубовите од Премиер лигата дадоа согласност од следната сезона секој тим да има право на пет измени во еден натпревар.

Премиер лигата дозволи пет измени во мај 2020 година, откако сезоната продолжи после паузата поради пандемијата. После тоа во Англија се откажаа од таа можност и покрај фактот што УЕФА и дозволи на Федерацијата да останат 5-те измени.

Во Англија, правилото за пет смени беше суспендирано бидејќи помалите клубови протестираа со образложение дека им дава предност на побогатите тимови поради нивните подолги клупи.

Клубовите денеска го одобрија и времетраењето на летниот преоден рок кој годинава ќе се отвори на 10 јуни, а ќе се затвори на 1 септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Купот донесе пресврти: Тиквеш славеше во Скопје, Ѓорче се спаси од 0:2

Тиквеш го совлада Вардар со 3:1, а Македонија ЃП преку пенали ја исфрли Брегалница. Вардар…