Дома Трансфер зона Официјално: Поранешната голема надеж на Барселона остана без клуб

Официјално: Поранешната голема надеж на Барселона остана без клуб

bojan krkic

Некогаш големата надеж на Барселона, Бојан Кркиќ, денес го договори раскинувањето на договорот со Стоук Сити.

Тој помина пет години во Стоук, а стигна од Барселона и запиша 85 настапи во сите натпреварувања, а постигна 16 голови.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Повредата на коленото која му се случи во 2015. година го спречи сериозно да се наметне, па беше на позајмици во Мајнз и Алавес.

На задоволство на двете страни денес беше договорено раскинување на договорот, па Бојан ќе ја бара среќата во некој друг клуб.

„Сакаме да ја искористиме приликата да му се заблагодариме на Бојан на неговиот труд во изминатите пет години и да му посакаме се најдобро во иднина“, стои на официјалното страница на Стоук Сити.

Сеуште не е познато каде ќе ја продолжи кариераа некогашната голема надеж на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“ од Италија: Рома сака големо засилување од Јувентус

Eкипата на Рома предводена од Даниеле де Роси наводно покажала голем интерес за доведување…