Она што се најавуваше вчера доби и официјална потврда, Давид Писонеро нема да се врати во Вардар откако си замина после завршувањето на полусезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Писонеро си замина од клубот, меѓутоа се уште беше под договор со црвено-црните, меѓутоа соработката е предвремено раскината. Писонеро на почетокот од сезоната дојде во Вардар како прв тренер, но потоа беше прекомандуван во втор додека екипата ја водеше Едуард Кокшаров.
Шпанецот во едно интервју пред неколку дена откри дека Вардар сакал да се врати на клупата како прв тренер, но тој ја одбил таа понуда. Писонеро сега повторно е тренер на шпански Ваљадолид од каде што дојде во Вардар.