Дома Трансфер зона Официјално: Падна првиот потпис во Мадрид – договор на пет години и клазула од 100 милиони евра!

Официјално: Падна првиот потпис во Мадрид – договор на пет години и клазула од 100 милиони евра!

rodri

Атлетико Мадрид и официјално потврди дека го обезбеди потписот на статистички најкорисниот дефанзивец помеѓу играчите од средниот ред во Примера оваа сезона.

Од клубот денес потврдија дека Родриго Ернандез Касканте, познат како Родри пристигнува во Мадрид за сума од 20 милиони евра, што навистина е ситница во споредба со денешните суми во модерниот фудбал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познати се и одредени детали од договорот.

Родри потпишува договор на пет години, а доколку некој клуб сака да го доведе пред 2023 година ќе мора да плати 100 милиони евра (толку изнесува откупната клазула).

Овој играч е по вкус на тренерот Диего Симеоне кој инстистираше на фудбалерот кој Шпанците често пати го нарекуваат „новиот Бускетс“. Висок е 190 сантиметри, игра на позиција последен играч за врска и оваа сезона е човекот со најмногу одземени топки во Примера – 320.

Со овој потег клубот од Мадрид практично ја призна грешката бидејќи Родри ги помина сите младински категории на Атлетико (од 2007 до 2013), меѓутоа кога дојде до првиот тим клубот не веруваше премногу во неговите квалитети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…