Дома Фудбал Официјално: Одложено дербито помеѓу Арсенал и Сити

Официјално: Одложено дербито помеѓу Арсенал и Сити

Дуелот помеѓу Арсенал и ПСВ Ајндховен во Лигата на Европа, кој требаше да се одигра утре е одложен за 20 октомври, потврди УЕФА.

Тоа предизвика и нови поместувања во распоредот на Премиер лигата, кој веќе беше нарушен поради одложувањето на колото минатата недела поради смртта на кралицата Елизабета.

 Премиер лигата потврди дека дербито помеѓу Арсенал и Манчестер Сити закажано за 19 октомври и официјално е одложено.

Единствениот слободен термин следниот месец е 19 октомври за кога е закажано вонредното коло во Премиер лигата, но распоредот во Октомври е пренатрупан, па овој меч може да се одигра дури на пролет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вирц се разбуди, но сега доаѓа вистинскиот испит за ѕвездата од 116 милиони фунти

Три добри настапи ја вратија надежта дека Флоријан Вирц може да го повлече Ливерпул. Сепак…