Mинатата сезона Норвич го загуби премиерлигашкиот статус, меѓутоа „канаринците“ по само една сезона во Чемпионшип се враќаат во англиската елита.
Норвич е лидер во Чемпионшип со 90 освоени бодови, осум повеќе од второпласираниот Вотфорд и дури 14 повеќе од третопласираниот Свонси. Брентфорд и Свонси денес одиграа реми, а тоа за Норвич значеше и математички обезбедување промоција.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Инаку, во Чемпионшип може да бидеме сведоци на една интересна ситуација. Имено, покрај Норвич во добра ситуација да се борат за пласман во Премиер лигата се Вотфорд и Бурнемоут. Ако и овие две екипи изборат промоција тогаш сите три екипи кои лани испаднаа експресно би се вратиле.