Дома Фудбал Официјално: Шпанија има нов селектор

Официјално: Шпанија има нов селектор

Тоа што се најавуваше, сега доби официјална потврда, Луис Енрике не е повеќе селектор на шпанската репрезентација.

Поразот од Мароко и раната елиминација од СП влијаеше на неговото заминување, и Федерацијата денес потврди дека Луис Енрике повеќе не е селектор.

На оваа позиција Енрике беше од 2018 година, а сега е спремен повторно да му се врати на клупскиот фудбал.

За нов селектор е именуван Луис де ла Фуенте. Станува збор за селекторот на младата репрезентација на Шпанија со која стана европски првак во 2019 година, а подоцна го освои и сребрениот медал на Олимпијадата во Токио во 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рашфорд повторно пред заминување? Евертон веќе разговара со Јунајтед

Евертон и Манчестер јунајтед наводно отвориле разговори за Маркус Рашфорд пред јануари, но…