Дома Трансфер зона Официјално: Лидс промовираше уште едно големо засилување

Официјално: Лидс промовираше уште едно големо засилување

Лидс Јунајтед сезонава игра во Премиер лигата и очигледно има намера да не се врати во понизок ранг.

Родриго од Валенсија е најголемото засилување, но денес стигна уште еден квалитетен играч. Англискиот тим како свој нов играч го промовираше Диего Љоренте кој доаѓа од Реал Сосиедад. За 27 годишниот дефанзивец Биелса ќе плати 20 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Љоренте е добро познато име, поранешен играч на Реал, а забележа и настапи за репрезентацијата на Шпанија.

Покрај него во одбраната ќе игра новодојдениот Коч или некој од играчите кои минатата сезона беа дел од тимот за кој игра и македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски. Како што споменавме најзавучно засилување во досегашниот преоден рок за Лидс е Родриго за кого платија 30 милиони евра.

Лидс во првите два натпревари во Премиер лигата покажа дека ќе биде сериозен противник за секого, а сега се очекува да бидат уште поцврсти во одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…