Ливерпул денес и официјално се „ослободи“ од голманот Лорис Кариус, кој кариерата ќе ја продолжи во турскиот гигнат Бешикташ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Германецот следните две години ќе ги помине како позајмен фудбалер во Бешикташ, а потоа ќе може да потпише перманентен договор со турскиот гигант.
25-годишниот Кариус во Ливерпул пристигна од Мајнц, а минатата сезона доби шанса од тренерот Клоп во првиот тим.
Сепак, неговиот престој во Ливерпул ќе биде запаметен по неговите неверојатни грешки во финалето од Лигата на шампиони.
„Сите во Ливерпул му посакуваме се најдобро на Кариус во неговата нова авантура“, стои во соопштението на „црвените“.