Дома Фудбал Англија Официјално: Легендарниот „граѓанин“ стави потпис!

Официјално: Легендарниот „граѓанин“ стави потпис!

Давид Силва денес стави потпис на нов договор и ја продолжи соработката со Манчестер Сити, објави клубот од „Етихад“.

Искусниот шпански репрезентативец е „граѓанин“ од 2010 година, кога пристигна од Валенсија, а до денес има одиграно 235 натпревари и постигнато 40 гола.

Силва веќе има легендарен статус во Манчестер Сити, а денес се обврза на верност до 2020 година.

„Неверојатно сум горд на се што направив за седум и пол години поминати во Сити, а сега под водство на Пеп верувам дека се наоѓаме во позиција да ги освоиме сите трофеи оваа сезона. Задоволство е да се биде во тим кој игра со ваков стил и се радувам на годините кои доаѓаат и новите трофеи“, изјави Силва.

За време на својот престој на „Етихад“ Силва два пати ја освои Премиер лигата и еднаш ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Раниери потпиша нов договор со Фиорентина до 2029 година

Лука Раниери потврди дека постигнал договор за продолжување на својот договор со Фиорентин…