Францускиот репрезентативец Квинсли Коман стави потпис на нов договор со Баерн Минхен и ја продолжи верноста со Баварците до 2023 година.
Коман пристигна во Баерн на позајмица од Јувентус во 2015 година, но Баварците го откупија неговиот договор за 28 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Францускиот крилен напаѓач до сега запиша 84 настапи за Баерн на кои постигна 12 гола, а на „Алијанц Арена“ веруваат дека тој е иднина на клубот.
Поради тоа му понудија нов договор на 21-годишниот фудбалер кој на „Алијанц Арена“ ќе остане до 2023 година.
? DEAL DONE: Kingsley Coman has signed a new contract at Bayern Munich, keeping him at the club until 2023. (Source: @FCBayern) pic.twitter.com/9NOOnNJ8bm
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 22, 2017