Дома Фудбал Германија Официјално: Клосе се врати во Баерн Минхен

Официјално: Клосе се врати во Баерн Минхен

Поранешниот германски репрезентативец Мирослав Клосе ќе му се придружи на тренерскиот штаб на Ханси Флик во Баерн Минхен, соопштија денес од клубот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Најдобриот стрелец во историјата на Мундијалите и поранешен напаѓач на Баерн Минхен се врати на „Алијанц Арена“ и потпиша едногодишен договор.

„Се чувствувам одлично и со нетрпение ги очекувам моите задачи. Ханси Флик и јас со години добро се познававме од репрезентацијата. Имаме меѓусебна доверба, професионална и лична, за мене, ова е голем чекор напред како тренер, се надевам дека ќе можам успешно да го искористам моето досегашно искуство и ќе му помогнам на Баерн Минхен да ги реализира своите зацртани цели“, изјави Клосе.

Како фудбалер, Мирослав Клосе играше за Баерн помеѓу 2007 и 2011 година, каде постигна 53 гола на вкупно 149 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Реал ја потврди тепачката: Валверде бил нокаутиран, двајцата се суспендирани!