Како и што се најавуваше Хуан Квардадо си заминува Јувентус, „старата дама“ заминувањето на Колумбиецот го потврди денес со официјално соопштение.
Квадрадо во Јувентус дојде во 2015 година прво на заем од Челси, а после две години во 2017 година Јувентус го откупи неговиот договор и во овие осум години собра 314 настапи за „Старата Дама“ во кои даде 26 гола.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претходно се шпекулираше дека Фенербахче или Севилја се потенцијалната нова дестинација на 35-годишниот крилен напаѓач, кој за Јувентус играше и како десен бек.
За репрезентацијата на Колумбија Квадрадо има 113 настапи за Колумбија и 10 гола.
È stato un viaggio straordinario.
— JuventusFC (@juventusfc) June 30, 2023
Grazie di tutto Panita ❤️