Пред 20-тина дена Јувентус се раздели со Хуан Квардадо, а сега Колумбиецот е пред потпис со еден од најголемите ривали на клубот од Торино.
Како што пренесуваат Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо, Квардадо ќе остане во Италија и ќе го облече дресот на Интер. Осум години го носеше дресот на Јувентус, па сигурно нема да добие добар пречек кога со Интер ќе гостува во Торино.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во кариерата претходно, Квардадо играше за Челзи, Фиорентина, Лече, Удинезе и Индепендиенте од Меделин. Meдицинските прегледи во Милано за фудбалерот се закажани за во текот на утрешниот ден.
Според најавите, Квардадо ќе потпише договор на една година. Интересно е што овој трансфер доаѓа по најавите дека Ромелу Лукаку би можел да го облече дресот на Јувентус.
Inter are planning for Juan Cuadrado's medical tests on Tuesday. The agreement with Colombian right back is valid until June 2024. ⚫️🔵🇨🇴
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 17, 2023
Cuadrado wants to join Inter, he accepted immediately. pic.twitter.com/vsuLm7Fc7j