Искусниот холандски напаѓач Бас Дост ја напушти Германија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Како што објависега веќе неговиот поранешен клуб, Ајнтрахт Франкфурт 31 годишниот напаѓач кариерата ја продолжува во белгиски Клуб Бриж.
Тој во Бриж преминува после 35 натпревари и 12 голови во дресот на Ајнтрахт. Претходно играше уште за Спортинг, Волфсбург, Херневене, Хераклес и Емен.
Со Бриж потпиша договор на година ипол, а не е познато колкава оштета добил Ајнтрахт бидејќи Дост со германскиот клуб имаше договор до летото 2022 година.