Дома Фудбал Останато Официјално: Ивица Олиќ нов тренер на ЦСКА

Официјално: Ивица Олиќ нов тренер на ЦСКА

Ивица Олиќ е нов тренер на ЦСКА, објави московскиот клуб на Твитер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот хрватски репрезентативец и досегашен член на стручниот штаб на Далиќ го превземе клубот во кој играше од 2003 до 2006 година и за кој во 116 настапи постигна 44 гола. Со ЦСКА освои и три титули шампион, два купа и Куп на УЕФА што е најголем клупски успех.

„Ивица веќе денес ќе биде претставен на тимот, ќе го одработи првиот тренинг и ќе го превземе тимот. Добредојде дома“, објави ЦСКА.
Олиќ на клупата го наследи Виктор Гончаренко кој ЦСКА ја остави на петтата позиција на местото во руското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан ги изненади навивачите, договори засилување од 50 милиони евра

Белгискиот крилен офанзивец Диего Мореира е нов играч на Милан, а овој досега прилично неп…