Дома Фудбал Официјално: Започнува новата ера во Челзи!

Официјално: Започнува новата ера во Челзи!

Премиерлигашот Челси потврди дека е продаден од страна на Роман Абрамович и во иднина за екипата ќе се грижи бизнисменот Тод Боели, кој е газда и на Лос Анџелес Доџерс.

Тод Боели заедно со уште неколку бизнисмени ќе плати 4,5 милијарди долари, а има обврска во тимот да инвестира уште 1,7 милијарди долари.

„Челси може да потврди дека е постигнат конечен договор за продажба на клубот на Тод Боели/Клирлејк Капитал. Трансакцјиата се очекува да биде комплетирана во понеделник“, соопштија од клубот.

Абрамович си оди од клубот по 18 години, откако го купи во 2004 година и притоа во неговата ера беа освоени 19 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Брегалница го избра Реџепи за пресврт по трите кола без победа

Џенгис Реџепи го презема штипскиот тим по разделбата со Мијалче Прошев. Новиот тренер доаѓ…