Еурофарм Пелистер за нов предводник на стручниот штаб денеска го именуваше Жељко Бабиќ, кој ќе го замени Алушевски на кормилото.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Со огромно задоволство, ве информираме дека нов шеф на стручниот штаб на Еурофарм Пелистер ќе биде Жељко Бабиќ, поранешен селектор на хрватската ракометна репрезентација и тренер на ППД Загреб, Мешков Брест и Горење Велење“, се вели во соопштението.
Како селектор со ракометната репрезентација на Хрватска, на Европското првенство во Полска во 2016 година го освои бронзениот медал.
Бабиќ е докажан ракометен стручњак,со кој Еурофарм најавува висок пласман во вториот дел од сезоната.