Дома Трансфер зона Официјално: Емре Чан и Џон Фланаган повеќе не се играчи на Ливерпул

Официјално: Емре Чан и Џон Фланаган повеќе не се играчи на Ливерпул

falanagan

Она што и се очекуваше сега доби и официјална потврда.

Тимот на Ливерпул на својата официјална страна потврди дека Емре Чан и Џон Фланаган го напуштаат клубот по истекот на договорите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потврдата стигна откако англискиот гигант ја објави листата со играчи на кои ќе смета на припремите, а на истата ги немаше имињата на двајцата споменати фудбалери.

Чан во Ливерпул пристигна во 2014 година и од тој момент за „црвените“ одигра 115 натпревари и постигна 10 погодоци. Негова наредна дестинација ќе биде тимот на Јувентус, каде што веќе во наредните денови се очекува да пристигне на медицински прегледи.

Фланаган доаѓа од фудбалската школа на Ливерпул, а во првиот тим беше прекомандуван во 2010 година, од тогаш беше испраќан на две позајмица во Барнли и последната оваа сезона во Болтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…