Дома Трансфер зона Официјално: Ди Марија има нов клуб

Официјално: Ди Марија има нов клуб

Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија е нов играч на португалска Бенфика, објави клубот на својата официјална веб-страница.

Ди Марија дојде во Лисабон како слободен играч и потпиша едногодишен договор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој потпис е уште поважен бидејќи се случи во време кога многу големи имиња ќе играат за огромни пари во Саудиска Арабија.

Во својот прв мандат, Аргентинецот помина три години во Бенфика и за тоа време одигра 76 натпревари и постигна седум гола.

По Бенфика играше за Реал, Манчестер Јунајтед, Пари Сен Жермен и Јувентус.

Досега одигра 122 натпревари за аргентинската репрезентација, постигна 25 гола и ја освои Копа Америка во 2021 година и Светското првенство во 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…