Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Дарко Мицевски промовиран во летонска Рига

Официјално: Дарко Мицевски промовиран во летонска Рига

Капитенот на Вардар, Дарко Мицевски и официјално беше промовиран во летонска Рига.

Летонскиот клуб објави дека потпишал договор со Мицевски на две ипол години. Во редовите на Вардар Мицевски дојде во 2018 година и во минатата сезона со Вардар стигна до шампионската титулата. Причина за негово заминување е хаотичната и неизвесна ситуација во која Вардар се наоѓа во овој момент.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рига ќе биде шести интернационален предизвик за Мицевски кој претходно долго време се поврзуваше со Борац од Бања Лука. Настапуваше уште за Слобода Ужице, ОФК Београд, Нови Пазар, Минск и Ал Нејмех.

Мицевски е четвртиот фудбалер кој го напушта Вардар во овој преоден рок, претходно си заминаа Чарлестон (Македонија Ѓорче Петров), Марко Мартинага (А.Пандев) и Матеј Цветановски (Шкупи). Ќе потсетиме од Вардар во А.Пандев премина и тренерот Александар Васоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Бурна реакција на ФК Скопје за пеналот во Врапчиште: Сакаме чесно првенство!

Од судиската комисија на ФФМ вчера во анализата ја потврдија грешката на судијата, а сега …