Дома Македонски спорт Мак ракомет Официјално: Георгиевски потпиша за Вардар!

Официјално: Георгиевски потпиша за Вардар!

Македонскиот и европски шампион Вардар продолжува да се засилува за следната сезона. Најново засилување за „црвено-црните“ е македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тоа што се најавуваше изминатите денови, денес доби официјална потврдат. Георгиевски после три години поминати во Букурешт се врати во Македонија и потпиша за Вардар.

Вардар претходно се засили со Томислав Јагуриновски, Дмитри Санталов, Филип Талески и францускиот голман Робин Кантегрел.

Георгивски ќе биде големо засилување за Вардар кој следната сезона има високи амбиции и ќе настапува во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…