Eкипата на Арсенал и бразилскиот стопер Габриел Магалхаес ја продолжија соработката.
Габриел Магаљаеш потпиша нов, повеќегодишен договор и со тоа ги отфрли сите најави дека би можел да замине.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Голема работа е што успеавме да потпишеме со Габи. Тој е сè уште млад играч и тој е дел од нашата иднина. Неговите настапи откако пристигна во 2020 година беа на највисоко ниво и тој само се подобрува“, изјави спортскиот директор на Арсенал, Еду.
Следен во редот треба да биде неговиот колега од срцето на одбраната Вилијам Салиба, а истото се најавува и со Букајо Сака и Габриел Мартинели.