Италијанскиот фудбалер Марко Верати го продолжи договорот со ПСЖ.
Верати, кој во ПСЖ пристинга во 2012. година се смета за еден од најдобрите фудбалери на овој француски гигант и затоа богатиот сопственик направи се само да го задржи во Париз. Италијанецот имаше досегашен договор кој истекуваше за две години, но беше продолжен на уште три.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Потсетуваме, изминатите години Верати се поврзуваше со трансфер во Барселона, но ПСЖ сепак успеа да го задржи и тој сигурно во следните години повторно ќе биде еден од најважните играчи и вистински лидер на средниот ред. 26-годишниот фудбалер во актуелната сезона одигра 13 натпревари и запиша две асистенции.
Неговата сегашна вредност на пазарот се проценува на 75 милиони евра.