Дома Фудбал Останато Официјално: ВАР и во Хрватска!

Официјално: ВАР и во Хрватска!

var

Извршниот одбор на хрватскиот сојуз на Хрватска денес официјално потврди дека во првата хрватска лига од пролетниот дел од сезоната 2019/2020 ќе започне да се користи ВАР технологијата.

Ова значи дека хрватските прволигаш до тој период ќе мораат да обезбедат дополнителни простории за судиите на своите стадиони каде што ќе се прегледуваат и анализираа спорните детали. Без исклучок сите стадиони на кои ќе се игра прволигашки фудбал ќе мора да ја имаат потребната опрема.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватските студии исто така активно ќе мораат да учествуваат во воведувањето на ВАР, па Сојузот ќе ги испрати на едукација во јануари, а на листата на судиската комисија наводно се веќе 20 имиња. Обуката ќе се состои од седум етапи.

Според најавите ФИФА ќе покрие 80% од трошоците на овој проект за кој ќе бидат потребни околу 1.5 милиони евра. ВАР досега е воведен во Шпанија, Италија, Германија, Франција, Лигата на шампионите, а наскоро ќе започнат да го користат и Англичаните.

Ќе потсетиме дека неодамна и во Србија одлучија да воведат ВАР од сезоната 2020/2021.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Херојот на Реал пред неколку години барал линкови да ги гледа „кралевите“

Херој на Реал Мадрид во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен бе…