Срѓан Захариевски ќе биде третиот тренер на Вардар оваа сезона, по отказот за Горзад Михаилов и заминувањето на Горан Петрески по два натпревари.
Од редовите на Вардар утрово потврдија дека Захариевски постигнал договор со најтрофејниот македонски клуб и тој ќе седне на клупата, а како што изгледа сезонава за Вардар главна цел ќе биде опстанокот во елитното друштво.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Захариевски ќе има тешка задача бидејќи по четири кола Вардар има само една победа и три порази во кои прими по три гола.
Последниот ангажман за Захариевски беше во Воска Спорт.