Три недели откако ја напушти Ријека, Валери Божинов пронајде нов ангажман.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Прославениот бугарски напаѓач, Валери Божинов (32) кариерата ќе ја продолжи во родната земја.
Втор пат во својата кариера, Божинов ќе игра за еден бугарски клуб откако се договори со новиот член на првата лига во оваа земја.
Напаѓачот кој своевремно го носеше дресот на Јувентус и Манчестер Сити ќе настапува за Ботев од Враца.
Тоа ќе биде 15-тиот клуб во кариерата на прославениот напаѓач кој имаше чест да го носи дресот на некои од најголемите клубови во Европа.
Вториот дел од сезоната Божинов го помина во Ријека, клуб со кој спогодбено го раскина договорот поради статусот кој го имаше.
https://www.facebook.com/BotevVratzaOfficial/posts/10160671550895237