Дома Фудбал Официјално: Барса и Реал се договорија – познат терминот на Ел Класико

Официјално: Барса и Реал се договорија – познат терминот на Ел Класико

Денес беше и официјално потврдено дека големото дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид нема да се одигра на 26-ти октомври поради демонстрациите во Каталонија.

Големите ривали сепак брзо најдоа ново решение и денес договорија нов термин, па „Ел Класико“ официјално ќе се игра на 18-ти декември на Камп Ноу.

Лигата инсистираше мечот да се игра на 7ми декември, но од двата клуба тоа не го прифатија, а во меѓусебен договор успеаја да најдат заедничко решение тој да се игра на 18-ти декември.

Каталонскиот клуб најпрвин негодуваше и не сакаше никакво одложување, дури предложи дербито да се игра пред празни трибини, но на крајот двете страни најдоа компромисно решение.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Габала на Беќири му го затвори патот до врвот на Карабах

Јетон Беќири ја водеше Габала до реми без голови против Карабах. По првенствената и куп-по…