Денес Баерн Минхен и официјално го именуваше Михаел Рехнер за нов тренер на голманите откако од таа функција беше сменет Тони Тапаловиќ.
Баварскиот клуб претходно соопшти дека 42-годишникот стратег кој претходно работеше во Хефенхајм ќе се придружи на тимот, но не откри детали од неговиот договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Баерн претходно го отпушти Тапаловиќ на 23. јануари, а спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ изјави дека до прекин на соработката дошло поради различно гледање на работите.
Ноеер и Тапаловиќ заедно се придружија на Баерн во 2011 година, претходно соработуваа и во Шалке. Германскиот голман дури и јавно зборуваше дека не му се допадна начинот на кој Тапаловиќ бил отпуштен.
Баерн после 19 натпревари е лидер на табелата во Бундеслигата со 40 бодови и има еден бод повеќе од второпласираниот Унион Берлин.