Дома Топ вести Официјално: Баерн го сруши клупскиот рекорд – пристигнува светскиот шампион!

Официјално: Баерн го сруши клупскиот рекорд – пристигнува светскиот шампион!

Она што се најавуваше сега доби и официјална потврда – Лукас Хернандез на лето се сели во Баерн Минхен!

Долго време се шпекулираше во последните недели, се појавија информации дека Баерн и Атлетико постигнале договор за Лукас Ернандез, а сега се е и официјализирано.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Имено, Баерн Минхен на својот сајт потврди дека го откупува договорот на францускиот репрезентативец за 80 милиони евра, што е клупски рекорд за гигантот од Минхен.

Ернандез во Минхен ќе пристигне на 1-ви јули, а со Баерн е обврза на верност до 30 јуни 2024 година. Лекарските прегледи не поминале во најдобар ред бидејќи било откриено дека Ернандез има проблем со десното колено и дека тој проблем ќе мора да се решава со хируршки зафат.

На крајот таквите проблеми биле надминати. Клупскиот докторт на Баерн, Мулер-Волфарт тврди дека и покрај хируршкиот зафат, Ернандез ќе биде спремен да ја започне наредната сезона во Баерн.

Ернандез има 23 години и за Атлетико Мадрид настапува од 2007 година, а во првиот тим собра 110 настап од сезоната 2014/2015 кога потпиша професионален договор.

Иако има 23 години Ернандез зад себе има финале во Лигата на шампионите во 2016 година, две години подоцна ја освои Лигата на Европа со Атлетико, а круна на неговата кариера беше светската титула до која стигна со селекцијата на Франција изминатото лето на Мундијалот во Русија.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…