Моментално второпласираната екипа од Примера, Атлетико Мадрид го продаде белгискиот напаѓач Јаник Караско и аргентинското крило Нико Гаитан во кинескиот клуб Далијан Јифанг.
Од Атлетико не ги објавија финансиските детали од трансферот, но шпанските медиуми открија дека „јорганџиите“ за Караско добиле 30 милиони евра, а за Гаитан додатни 18 милиони. Притоа Атлетико е приморан 25% од сумата да ја даде на поранешниот клуб на Белгиецот, Монако.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Караско на 124 натпревари за Атлетико Мадрид постигна 23 гола и запиша 17 асистенции, но во последно време не добиваше голема минутажа кај Сименоне, па и самиот сакаше да ја промени средината.
.@CarrascoY21 and @nicogaitan will join Dalian Yifang on a permanent deal.
Best of luck in China!
➡ https://t.co/M9mmraDNKM
➡ https://t.co/PVytuVRpcp pic.twitter.com/cWOCoGzY8s— Atlético de Madrid (@atletienglish) February 26, 2018