Дефанзивецот на Јувентус, Кристијан Ромеро и офицјално пристигна во редовите на Аталанта.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аргентинскиот стопер во Аталанта пристигнува на двегодишна позајмица со опција клубот од Бергамо да го откупи неговиот договор за 18 милиони евра.
Јувентус 22 годишниот Ромеро за 22 милиони евра го купи летото 2019 година од редовите на Џенова и го остави во овој клуб да се развива.
Сепак, изгледа дека Јувентус не смета сериозно на него во блиска иднина.
Ромеро се поврзуваше и со Рома и Арсенал, но Аталанта од почетокот изгледаше како фаворит за неговиот потпис и на крајот успеа да го доведе.