Дома Трансфер зона Откриен фаворитот за потписот на Погба

Откриен фаворитот за потписот на Погба

Пол Погба најверојатно ја игра последната сезона во Манчестер Јунајтед и на лето ќе ја промени средината.

Манчестер Јунајтед веќе ја активираше клаузулата за продолжување на договорот на Погба за додатни 12 месеци, па сега неговиот договор истекува во јуни 2022 година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Дејли Стар“ пишува дека по преземањето на ПСЖ, Маурисио Покетино доставил листа на трансфер желби до управата, а примарна желба е токму Пол Погба.

Манчестер Јунајтед нема да му стои на патот и веќе ја одредил цената. Според англиските медиуми секој кој ќе сака да го доведе Погба ќе мора да плати најмалку 75 милиони евра.

Покрај ПСЖ интерес за Французинот покажуваат уште Реал Мадрид и Јувентус, но ПСЖ е најблиску до неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Сити подготвува спектакуларен трансфер

Според последните информации од Островот кои ги пренесува реномираниот „Гардијан“, Манчест…