Работите во Реал Мадрид воопшто не изгледаат добро и се поизвесно е дека на лето ќе следи голема реконструкција во која ќе заминат и неколку големи ѕвезди.
После неколку лоши одлуки во изминатиот период вистински распад систем започна на почетокот од сезоната, а ситуацијата се уште не е ништо подобра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тимот под водство на Солари кој го наследи Лопетеги играше променливо, но последниот период за „кралевите“ воопшто не е добар. Барселона ги елиминираше од купот и ги победи во Ла Лига и тоа двата натпревари се играа во Мадрид во период од неколку дена (0:3, 0:1). Потоа следуваше и шокантниот пораз од Ајакс во Лигата на шампионите (1:4).
Токму после натпреварот против Ајакс во медиумите се пишуваше голема расправија помеѓу капитенот Серхио Рамос и Флорентино Перез (тука).
Наводно, Рамос му се обратил на Перез со зборовите: „Исплати ме и заминувам“. Сега, во медиумите се открива кој клуб би можел да биде негова следна дестинација, а тоа е Јувентус!
Juventus keen to land Sergio Ramos amid Real Madrid fallout: https://t.co/pacp4ge3wv pic.twitter.com/cGLggPwQCR
— AS English (@English_AS) March 9, 2019
Медиумите во Шпанија пишуваат дека понудата за Рамос од Јувентус е спремна, а најголемата причина поради која Рамос би заминал е можното враќање на Жозе Мурињо кој на големо се поврзува со шпанскиот гигант.
Мурињо и Рамос немаа баш најдобра разделба бидејќи поранешниот тренер на Реал често пати го критикуваше Рамос, а капитенот застана на страната на Касиљас кој практично беше избркан од клубот.
Јувентус изгледа навистина им „фрли око“ на играчите на Реал Мадрид. Минатото лето го доведоа Роналдо, а сега на големо се поврзуваа со Марсело. Скоро сите поголеми италијански и шпански медиуми неодамна објавија дека трансферот на Бразилецот е договорен (тука). Освен овие двајца се шпекулираше и за Иско.