Дома Фудбал Останато Откриено кој клуб на Далиќ му понудил договор вреден 30 милиони евра

Откриено кој клуб на Далиќ му понудил договор вреден 30 милиони евра

dalic

Пред неколку дена во медиумите во се појави информација дека селекторот на Хрватска Златко Далиќ одбил неверојатна понуда од Кина.

Далиќ после историскиот успех на Мундијалот одлучи да остане на клупата на Хрватска иако призна размислувал да побара нов предизвик. Сепак, од Далиќ клубовите не се откажуваат, а тој самиот пред неколку дена потврди дека одбил договор вреден 30 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голем интерес за Далиќ покажале неколку кинески клубови, а само еден повлекол конкретен потег. Далиќ на маса имал договор според кој заработувал 10 милиони евра по сезона.

Многумина ги интересираше за кој клуб се работи, но Далиќ не сакаше да открива никакви детали. Меѓутоа неговиот менаџер потврди дека се работи за Тианџин Куанџиан.

„Вистина е дека имаше таква понуда. Дури Кинезите доаѓаа и во Хрватска, ја зголемуваа понудат, но им кажав дека мојот фокус е само на репрезентацијата“, порача Далиќ пред неколку дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…