Иднината на Роналд Куман на кормилото на Барселона и понатаму е неизвесна, но барем засега Холанѓанецот успеа да си ја задржи работата.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сериозна улога за Куман да не добие отказ после поразот од Бефика (3:0) во Лигата на шампиони одиграл неговиот сонародник Жорди Кројф.




Каталонсите медиуми пренесуваат дека синот на легендарниот Јохан Кројф го убедил претседателот Лапорта да му даде уште една шанса на Куман.




Минатиот четврток Лапорта донел одлука да му врачи отказ на Куман, но ден подоцна излезе со јавна поддршка за 58-годишниот стратег.




Промена на одлуката настанала после разговорот кој го имал со Жорди Кројф, кој е советник на претседателот.