Дома Фудбал Англија Откриено колкава сума добил Венгер за отказот во Арсенал

Откриено колкава сума добил Венгер за отказот во Арсенал

Легендарниот француски стратег, Арсен Венгер на крајот од минатата сезона го напушти кормилото на Арсенал после 22 години поминати во клубот.

Со оглед дека не замина по своја желба, туку доби токаз, Арсенал беше должен да му исплати оштета.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес британските медиуми пренесуваат дека Арсен Венгер од отказот во Арсенал инкасирал 17.1 милиони фунти.

Венгер својата ера во Арсенал ја заврши една година порано од планираното.

На клупата на Арсенал Французинот седна на 22-ри септември 1996 година. За тоа време три пати ја освојуваше шампионската титула, седум пати титулата во ФА Купот и исто толку трофеи има и во Комјунити Шилд.

Последниот натпревар на клупата на Арсенал за Венгер беше оној на 6-ти мај против Барнли кој неговиот клуб го доби со 5:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…