Џеси Лингард е далеку од она што ветуваше. Некако остана (до сега) недокажан, а ситуацијата се влоши оваа сезона, испадна од тимот, а неговото однесување, односно она што го објавуваше на социјалните мрежи посебно од одморот со Рашфорд не му се допадна на Солскјер.
Легендите како Кин и Гери Невил, поранешните капитени на Јунајтед му замеруваат што не е доволно сконцентриран на фудбалот, а во клубот сметаат дека премногу време поминува на социјалните мрежи, но и дека е под влијание на Погба.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лингард ги прифаќа критиките, но дури пред неколку недели му открил на Солскјер дека минува низ тежок период.
Имено, мајката на Лингард има здравствени проблеми, одбиваше да се лекува со години, а работата ескалираше па братот и сестрата кои имаат 11 и 13 години мораа да се преселат кај Џеси. Тој превзема одговорност и покрај тоа што и самиот има мало дете.
„Тоа е голем стрес, не сакав да зборувам за тоа, но сите забележаа дека нешто се случува кога престанав да се смеам. Се надевам дека мама ќе биде подобро, не смееше да дозволи волку да се разболи. Се грижам за моите, одам на родителски состаноци, не е само фудбалот мојот живот, тоа е работа и ако имаш проблеми се одразуваат“, изјави Лингард.