Златан Ибрахимовиќ ја раскина соработката со Манчестер Јунајтед и и како слободен агент потпиша за ЛА Галакси.
Изненадување беше зошто Ибрахимовиќ се одлучи да замине од „Олд Трафорд“ пред завршување на сезоната, а одговорот го даде Фреди Фу Хо-Кјонг, лекарот кој се грижеше за напаѓачот додека беше повреден.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, Ибрахимовиќ одлучил да го раскина договорот со Манчестер Јунајтед после елиминацијата во Лига на шампиони од Севиља.
„Тој и тренерот на тимот се разбираа многу добро. На Златан му се допаѓаше Манчестер Јунајтед и беше главен играч на тимот пред повредата. Сепак сакаше да освојува уште трофеи, а откако Јунајтед отпадна од Севиља, а Сити е толку далеку во првенството, Златан претпочиташе да го смени тимот“, изјави докторот и додаде:
„Можеби Јунајтед може да го освои трофејот во ФА Купот и тоа е престижно, но не може да се споредува со Лигата на Шампионите. Златан освоил сѐ друго, и можеби ќе останеше уште, ако Јунајтед продолжеше во Лигата на шампиони“.