Дома Фудбал Откриени тактичките замисли на Сари: Роналдо добива нова улога!

Откриени тактичките замисли на Сари: Роналдо добива нова улога!

Медиумите од Италија ги открија тактичките замисли на Маурицио Сари, како и новата улога која Роналдо ќе ја има во тимот.

Сари беше на посета кај Кристиано Роналдо, па му ја кажал својата идеја, односно желба Португалецот да игра како „лажна деветка“, нешто што го практикуваше во Наполи.

Формацииите кои ќе се користат ќе бидат 4-3-3 или 4-3-1-2. Даглас Коста и Федерико Бернардески ќе играат по крилните позиции и да го хранат со топки Кристиано Роналдо.

Сари верува дека ако Роналдо игра во врвот на нападот и биде поблиску до противничкиот гол ќе може да постигнува по 40 голови во сезона.

Роналдо минатата сезона постигна 28 гола во Јувентус и нема проблем да игра во врвот на нападот, нешто што и самиот го преферира во последните неколку години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…